Адреса: ул. Добримир Хрс бр.20    Телефон: 02/ 2781-203    e-mail: ursusspeleos@mail.net.mk
ИСТОРИЈАТ
 

 

     Спелеологијата е релативно млада наука која се занимава со проучување на подземните карстни облици. Атмосферската вода и водата од подземните текови понира во внатрешноста на варовничките маси, низ многубројните пукнатини , и има силна корозивна (растворувачка) улога. Растворувајќи ги пукнатините, водата создава просторни подземни шуплини - канали, ходници, галерии и дворани. На овој начин настануваат карстните облици (јами и пештери). Јамите се вертикални шуплини во подземјето, со отвор на површината на теренот. Пештерите, пак, се објекти кој кои доминираат хоризонтални и благо наведнати канали и проширувања. И кај едните и кај другите се наоѓаат акумулативни форми: сталагмити, сталактити, завеси, хиероглифи, корали и што ли уште не.   
     Спелеолошките истражувања започнале уште во далечното минато, кога човекот пештерите ги користел како живеалишта во кои оставил траги од својата култура. Сепак, првото примитивно испитување е извршено во 9 век пне од страна на поданиците на Асирскиот крал Шалманесер, кои прикажале пештера од извориштето на реката Тигрис. Поданиците изработиле плоча на која е прикажана пештерата со сталагмити. Од тогаш па наваму доаѓа до усовршување на спелеолошките истражувања.
     Кај нас почетоците на спелеолошките проучувања датираат од времето меѓу двете светски војни. Од пештерата Мечкина Дупка кај Охрид го имаме првиот научен податок за пештерската фауна. Први кои се занимавале со спелеолошки истражувања биле Петар С. Јовановиќ, Станко Караман, Војислав Радовановиќ, Душан Манаковиќ и др.
     Околу 10% од територијата на Република Македонија се наоѓа под карст. Тоа е чувствителна област која бара посебно внимание и нега. Но, за жал покрај природното загадување на овие подземни убавини, човекот во последните години се повеќе атакува на нив. Залажувајќи се по лажните скриени богатства тој ги уништува пештерите на секаков начин: откинува пештерски украси, копа и минира во пештерите, се потпишува на ѕидовите, продава украси и тн.
          Покрај ова во согласност со Законот за заштита на природните реткости, донесени се одлуки за заштита на пештерите Убава, Ѓоновица, Горна Слатинска, Крушје и Млечник.

Карстни области во Република Македонија

     Карстот во Република Македонија зафаќа површина од 2440 m2, односно 10 % од целата територија. Карстните области ги зафаќаат териториите на општините Богомила, Вевчани, Велес, Витолишта, Вранештица, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Долна Бањица, Долнени, Другово, Извор, Охрид, Кавадарци, Кичево, Конопиште, Љубаниште, Луково, Маврови Анови, Македонски Брод, Неготино, Прилеп, Ресен, Росоман, Ростуше, Сарај, Самоков, Сопиште, Сопотноца, Старавина, Струга, Чашка и Штип.

 

 
 

 

 
 
 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 

Copyright 2008 Урсус Спелеос