|
Во
периодот од
31
август до
09 септември 2007 година тројца наши
спелеолози, Караташов Диме и Петковски Бојан од
И.Д. Урсус Спелеос-Скопје
и
Темовски Марјан од
П.С.К. Златоврв-Прилеп учествуваа на курс за
техничко усовршување во с.Карлуково, Р.Бугарија. Курсот беше во
организација на Бугарската Спелеолошка Федерација и се состоеше од три
поединечни курсови и тоа:
курс за техничко усовршување, курс за картирање
и научни методи и курс за инструктори.
За време на курсот
беа посетени пештерите Свирчовица, Рушевата и Саева дупка (туристички
уредена пештера) и пропастите Крста, Партизанска и Банковица, а беше
посетена и првата
via
feratta во
Бугарија - Ледницата. Тројцата наши претставници успешно го завршија
курсот за што добија и дипломи од Бугарската Спелеолошка Федерација
|