Адреса: ул. Добримир Хрс бр.20    Телефон: 02/ 2781-203    e-mail: ursusspeleos@mail.net.mk
НОВОСТИ
 

 

На 24.02.2008год. во туристичкото излетиште Матка беше организирана тренинг вежба на членовите на ИД Урсус Спелеос. Тренингот се состоеше од работа со јаже, при што се вежбаше движење по јаже, спуштање и качување по јаже и префрлување од една до друга контролна точка (сидриште).Вежбата ја надгледуваа инструкторите од друштвото, Диме Караташов и Бојан Петковски, кои се потрудија своето знаење да го предадат на поновите членови. Вежбата ја посети и претседателот на ИД Урсус Спелеос господинот Оливер Гичевски, кој беше презадоволен од работата и трудот кој го вложуваа членовите на друштвото како и од желбата за нови знаења. По иницијатива на претседателот, а и на членовите на ИД Урсус Спелеос вакви вежбовни активности во иднина ќе се одржуваат најмалку еднаш месечно.

 

Фото Галерија
 

 

 
 
 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
 
 
 

Copyright 2008 Урсус Спелеос