|
Врз основа на член 18 од Законот за
здруженија на граѓани и фондации, Истражувачкото друштво УРСУС
СПЕЛЕОС Скопје на седницата на конститутивното собрание оджано на
ден 08.02.2001 година ја донесе следната
ПРОГРАМА
за работа на истражувачкото друштво
УРСУС СПЕЛЕОС Скопје
Истражувачкото друштво УРСУС СПЕЛЕОС
Скопје како здружение на граѓани чија основна цел е превземање на
соодветни активности и ангажирање во областа на спелеологијата,
планинарските спортови, зачувување и унапредување на животната
средина и научните гранки (ГЕОГРАФИЈА; БИОЛОГИЈА И АРХЕОЛОГИЈА) во
рамките на своите цели и задачи определени во Статутот на друштвото
и Актот за основање, се определуваат и програмските цели на
друштвото.
Главни програмски активности
1.
Развој, истражување и омасовување на спелеологијата како спорт и
интердисциплинарна наука како главна програмска цел на здружението
на граѓани УРСУС СПЕЛЕОС, преку:
-истражување и
откривање на пештери и вертикални и хоризонтални јами
-нанесување на топографска карта со
точни координати на постојни и нови пештери
-фотографска документација на пештери
и јами, по можност и издавање на цд
-истражување на флората и фауната во
пештерите и јамите
-истражување на археолошки локалитети
на недостапни терени
-истражување на нови наоѓалишта на
вода
Планирани се активности во соработка
со соодветни владини агенции и министерства, со што ќе се допринесе
за остварување на најголем дел од зацртаните задачи. Во исто време
направени се иницијални контакти со неколку странски спелеолошки
организации со чија техничка и материјална помош ќе можат да се
реализираат зацртаните активности.
2.
Развој на алпинизмот, планинарењето и спасувањето во планини и во
пештери. Совладување на основните техники на алпинизмот се основа во
обуката на нови кадри на здружението, особено од редовите на
подмладокот на здружението. Направени се првични контакти со
претставници од Министерството за Одбрана и со Цивилната заштита со
чија помош ќе се обезбеди организирање на курсеви за обука и
соодветна опрема.
3. Поттикнување
на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и
унапредување на животната средина, со посебен акцент на пештерите и
карстните подрачја на Р.Македонија.
Планирани се
организирање на неколку акции за чистење и средување на постојните
пештери во Република Македонија. Со омасовувањето на овој спорт и
неорганизираното одржување на постојните пештери се доведува во
опасност зачувувањето на пештерите и пештерските украси како
непроценливо богатство на Република Македонија. Со организирањето на
вакви активности ќе допринесеме за подигнување на свеста особено кај
младата популација за важноста на овие локалитети. Планирано е и
медиумско покривање на овие активности со што ќе се допринесе за
поширока едукација на населението за важноста на пештерите и
пештарските украси како непроценливо богатство.
4. Организација
на најрзлични форми на масовни активности во функција на рана
спелеолошка специјализација и селекција, преку организирање на
спелео-школи и курсеви, семинари, логорувања и експедиции.
Во соработка со другите
спелеолошки здруженија кои постојат во Република Македонија и со
странски спелеолошки здруженија планирано е организација на неколку
семинари за едукација на млади кадри за тајните на спелеологијата.
Постои голем интерес кај неколку хуманитарни организации и амбасади за
покривање на трошоците на овие семинари, како и набавка на консултанти
од надвор кои ќе ги поделат со нашите членови нивните искуства во
развојот на спелеологијата во нивните земји како и презентација на
практични техники кои тие ги користат во своите активности.
|